За Бејтулаи дуелот со Тотенхем не е „невозможна мисија“! (ВИДЕО)

фото: kfshkendija.com

Фудбалерите на Шкендија предводени од тренерот Ернест Ѓока се подготвуваат за можеби најголемиот предизвик сезонава, натпреварот в четврток во Скопје (20.00 часот) против Тотенхем.

Доколку тетовските „црвено-црни“ направат изненадување против фаворитот во плеј-офот како последна пречка за пласман во групната фаза на Лига Европа ќе се соочат со рускиот Ростов или израелскиот состав на Макаби Хаифа.

Мурињо пред Шкендија: Ваквите мечеви се потешки од оние во групната фаза!

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи кој настапува во одбранбениот дел најавува дека Шкендија не оди со бело знаме и во позитивна атмосфера го очекува мечот против премиерлигашкиот гигант од Лондон.

– Шкендија е повеќе од клуб, тоа е љубов, пасија и начин на живот. Како фудбалер секогаш сонувате да играте во големи натпревари. Се има можноста да се игра против големи клубови и тоа ќе се случи в четврток. Во ваквите натпревари треба да уживате, мислам дека не е „невозможна мисија“ – вели дефанзивецот на Шкендија, Бејтулаи.

Шкендија го најавува натпреварот против Тотенхем споделувајќи ги своите очекувања, видео записот можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот