Мурињо пред Шкендија: Ваквите мечеви се потешки од оние во групната фаза!

фото: tottenhamhotspur.com

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо потврди дека Деле Али ќе биде меѓу патниците за Скопје каде ќе го играат утрешниот натпревар против Шкендија во третото квалификациско коло на Лига Европа.

Португалскиот стратег смета дека англискиот репрезентативец Али ќе ја има шансата за настап, а во составот нема да биде новото летно засилување од Реал Мадрид, Серџо Регулион кој не е ниту во УЕФА листата.

Мурињо ќе направи силен состав за дуелот в четврток на Националната арена „Тодор Проески“ кој ќе стартува од 20.00 часот.

– Од секогаш сум кажувал дека Деле Али ќе ја добие шансата, ќе биде важно за него да ги покаже перформансите. Сакаме пласман во групите на Лига Европа. Но, мислам дека овие нокаут мечеви се потешки од оние во групната фаза со четири екипи и шест натпревари.

Во претходното квалификациско коло дури и со силен тим кој го имавме во Бугарија, бевме на 15 минути од елиминација. Значи, во вакви мечеви не смееме да ризикуваме – вели Мурињо.

Неговите играчи веќе тренираат и ја темпираат формата за натпреварот против Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот