Вулкан на Алеутските острови исфрли пепел

Вулканот се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Енкориџ, на островот Унимак, најголем на Алеутите, кој припаѓа на Алјаска.

Вулканот Шишалдин на Алеутските острови денеска исфрли пепел во висина на околу седум километри, соопшти Опсерваторијата за вулкани на Aлјаска.

Вулканот се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Енкориџ, на островот Унимак, најголем на Алеутите, кој припаѓа на Алјаска.

На падините е селото Фолс Пас, во кое живеат 40 луѓе.

Научникот од Универзитетот во Алјаска, Дејвид Фи рече дека облакот од пепел исфрлен од вулканот не претставува опасност за селото.

Ерупцијата на вулканот Шишалдин, висок 2.857 метри, ја снимиле сателити и неколку пилоти, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за летови над 7.300 метри, поради лошата видливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот