Вучиќ за европската политика: Очекувам поповолна ситуација за Србија

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER /

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска истакна дека очекува, што се однесува до европската политика, поповолна ситуација за Србија во Европскиот парламент, но додаде дека не е сигурен дека таа ќе биде поповолна во Европската комисија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ додаде дека доколку поранешната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен остане на чело на Комисијата, тоа би било вест за Србија што би значело стабилност и безбедност, бидејќи тие добро се познаваат.

-Тие разговори не мора да бидат лесни, но ова е жена која во неколку наврати дошла во Србија, во Белград, покажувајќи почит кон нашата земја и знам дека можеме добро да работиме, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за претстојните избори во Франција кога додаде дека нема право да се меша во внатрешните односи на другите земји.

-Јас лично имам исклучително добри односи со Макрон и на францускиот народ е да донесе одлука, рече тој и нагласи дека се што се случува во Франција има голем ефект врз европската политика.

Вучиќ истакна дека е многу благодарен на Франција за она што го направи во однос на Советот на Европа и што укажа дека Приштина не ги исполнила своите обврски од сите договори, од основниот договор преку Бриселскиот договор, до Охридскиот договор, поврзани со Заедницата на српски општини.

Тој потсети дека што се однесува до француските избори, дека Франција во моментов е втора најзначајна економска сила во Европа.

-Секако, најважните избори во светот овие години се изборите во САД и многу од она што се случува во светот, кога ќе ја видите нестабилноста на цената на нафтата и се останато е поврзано со американските избори, кажа тој и додаде дека „и многу други работи ќе бидат поврзани со американските избори, бидејќи судбината на човештвото ќе биде решена некаде во ноември во САД“.

-Она што ме загрижува, што ме плаши и ќе го повторам она што му го кажав на Die Weltwoche, ме плаши дека пред тоа би можеле да се случат многу тешки работи, и тие избори би задоцниле во секоја смисла, рече Вучиќ.

Во однос на изборите за ЕП, тој рече дека не е апсолутно убеден оти денес може да каже дека е посреќен и позадоволен, бидејќи се плаши дека како што се одвиваат работите во политиката, многу луѓе, малку надесно и малку лево од центарот, ќе почнат да се обединуваат во нивната омраза кон оние кои сега им одзедоа околу 200 од 720 мандати и дека сите ќе се обединат во политика која беше карактеристична за левите и зелените политички партии.

-Доколку тоа се случи, десничарските политички партии би добиле многу повеќе простор за некои следни избори, но ние би сме изгубиле 4 или 5 години. Значи, јас сум скептичен за тоа, за тие очекувања, но ако Фон дер Лајен остане на чело на комисијата, тоа би била врската за Србија што ќе значи стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот