Вучиќ остана без текст, утревечер ќе го соопшти ставот на Србија за нападот на Русија врз Украина

Александар Вучиќ, претседател на Србија/Фото: Скриншот

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре во периодот од 18 до 20 часот ќе ѝ се обрати на јавноста за кризата во Украина и ќе го презентира ставот на Србија по тоа прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија медиумите во тек се консултации на претседателот на Србија со многу претседатели и премиери ширум светот, за да може Србија да ги донесе најдобрите одлуки во согласност со сопствените национални интереси.

Србија подготвува и прецизен документ во кој ќе се дефинираат позициите и политиките на Белград.

Претходно денеска се одржа седница на Советот за национална безбедност на која се расправаше за состојбите во регионот и Украина, а нова седница на тоа тело ќе се одржи и утре во 16 часот.

Во Палатата Србија во тек е седница на Владата на Србија на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ во текот на претпладнето разговараше и со амбасадорите на Квинта и со шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, а по таа средба беше констатирано дека сите информации за позициите искажани од присутните на таа средба ќе бидат објавени во следните 36 часови.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот