Вучиќ: Има приказна за орел и врани, кога враните го напаѓаат тој лета толку високо и не се брани

Вучиќ се задолжува

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави видео со наслов „Има приказна за орел и врани“, кое го добил од од еден човек, а кое има силна порака.

„Ова го добив од еден Краишник, кого го познавам, и ми се допадна. Ви благодарам, погледнете, можеби и вам ви се допаѓа“, вели претседателот на Србија во објавата.

“Има приказна за орел и врани…Таа вели дека кога враните го напаѓаат тој лета толку високо, воопшто не се брани. За тие самите да паднат, бидејќи не можат да ја достигнат неговата висина. Лекцијата од оваа приказна, брат мој, само гледај напред, бидејќи со твојот успех ќе ги уништиш твоите непријатели. Оди толку високо што твоите непријатели сами ќе паднат“, се вели во видеото.

Како што е наведено во видеото, поуката од оваа приказна е да гледаме само напред, бидејќи „само така можеме да ги уништиме нашите непријатели“.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот