Фото Инстарам

Вучиќ и Додик на средба со српскиот патријарх Порфириј

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј и претседателот на Република Српска Милорад Додик, на „разговори за сите клучни национални прашања за српскиот народ“.

-Разговарав за сите клучни национални прашања за српскиот народ со патријархот Порфириј и Милорад Додик. Беа договорени во блиска иднина важни заеднички состаноци на територијата на Република Српска, а патријархот Порфириј и јас го прифативме предлогот на претседателот Додик, комеморацијата на Денот на сеќавањето на сите Срби кои загинаа или беа прогнани во акцијата „Олуја“ да се одржи во Приједор на 4 август, напиша Вучиќ на својот Инстаграм.

Пред пристигнувањето на патријархот Порфириј, Вучиќ и Додик разговараа за состојбите во регионот и за претстојните средби на делегациите на Република Србија и Република Српска.

Како што соопшти Вучиќ на Инстаграм, се договориле и што поскоро да се организира состанок на сите државни органи на Србија и РС на територијата на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот