Вучиќ: Ако Косово мисли дека нема потреба од дијалог, немам проблем со тоа

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Ние ќе ги пуштиме, нека си ја работат својата работа, а ние ќе ја работиме нашата, изјави Вучиќ пред новинарите на аеродромот Никола Тесла при пристигањето на 150.000 дози на вакцината АстраЗенека.

Србија знае кои се нејзините национални и државни интереси и ќе продолжи да се бори за својот народ, и неговите права, без оглед на тоа што ситуацијата е скоро безнадежна, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прашањето да прокоментира дали Србија има одговор на новите притисоци од Приштина и Вашингтон и најавите за нова платформа за продолжување на дијалогот.

-Немате адекватен одговор, гледам дека Албин Курти ја решава и нашата внатрешна ситуација и зборува за тоа како треба да изгледа Србија и кој треба да биде на власт. Застанете, молчете, пуштете ги, сите тие се силни и паметни. Ние ќе ги пуштиме, нека си ја работат својата работа, а ние ќе ја работиме нашата, изјави Вучиќ пред новинарите на аеродромот Никола Тесла при пристигањето на 150.000 дози на вакцината АстраЗенека.

Тој подоцна на аеродромот на новинарите им изјави дека дијалогот и разговорите со Приштина се најважни за Србија, но доколку тие сметаат дека тоа не е потребно, и дека на тој начин ќе ги решат своите проблеми, тој кажа дека нема проблем со тоа.

Во врска со изјавта на Курти дека не е заинтересиран за дијалог со Белград, туку со Србите на Косово, Вучиќ забележа дека претставници на Србите од Косово не се оние што добиваат 0,62 или оние што добиваат два отсто, туку оние што добиваат 95 отсто. Тие се обидоа на секој начин да инсталираат Срби со кои сакаат да разговараат, од Рашиќ до Рада Трајковиќ, па не успеаја во тоа. Можете да купите некого, но не и 95% од луѓето, истакна Вучиќ.

Тој исто така посочи дека оваа ситуација е исклучително тешка за Србија, скоро безнадежна, по 2004, 2008 и 1999 година, но дека сè уште треба да се бори за својот народ, неговите интереси и права, и додаде дека ќе се види колку долго и како.

-Ќе биде тешко за нас, а ним, како што велат, сè им е лесно. Ќе видиме колку тоа лесно ќе биде, заклучи Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот