Второто тело пронајдено на Пирин не е на македонски, туку на српски државјанин

Пирин планина/ Фото NIKOLAY DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа”. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.

Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Пронајдено телото на бугарскиот турист, до него уште едно тело за кое се претпоставува дека е македонски државјанин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот