ВТА од организаторите на Вимблдон бара милион долари поради суспензиите

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Женската тениска асоцијација (ВТА) побарува дури милион долари од Британската тениска федерација (ЛТА) и Ол Ингланд клубот (АЕЛТЦ) поради забраната за учество на руските и белоруските тенисерки на турнирите што се играа или се уште се играат на територија на Обединетото Кралство.

Поради забраната за настап на руските и белоруските тенисерки на турнирите што се играа во Истборн, Нотингем и Бирмингем, ВТА од ЛТА бара околу 750.000 долари.

Поради истите причини, АЕЛТЦ кој им забрани настап на Вимблдон на тенисерките од Русија и Белорусија ќе треба да плати околу 250.000 долари.

И ЛТА и АЕЛТЦ најавија жалба на оваа одлука на ВТА и за тоа имаат поддршка од владата на Обединетото Кралство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот