Врховниот суд на Мексико ја легализира употребата на марихуаната за возрасни лица

Врховниот суд на Мексико вчера ја легализираше употребата на марихуана за возрасните лица.

Осум од 11-те членови на судот прогласија за неуставни голем број членови на мексиканскиот Закон за здравство, со кои се забрануваше консумирање марихуана.

-Денеска е историски ден за различните слободи, рече претседателот на Врховниот суд, Артуро Залдивар.

Одлуката на Врховниот суд следеше затоа што двата дома на мексиканскиот Парламент не го усвоија предлогот за измена на законот за тоа прашање, до крајниот предвиден рок, 30 април,  што го имаше утврдено токму овој суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот