Врховната Рада одобри ја одобри смената на министерот за одбрана Резников

Украинскиот парламент денеска изгласа смена на министерот за одбрана Олексеј Резников.

Отстранувањето на Резников од функцијата беше поддржано од мнозинството народни претставници во Врховната Рада, објави пратеникот Јарослав Железњак на социјалната мрежа Телеграм по гласањето.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата објави дека го разрешува Ренизков, а вчера самиот министер поднесе оставка. Зеленски за нов министер го предложи Рустем Умеров, поранешен пратеник, кој моментално раководи со Фондот за управување со државниот имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот