Временски приказ на врската помеѓу Џони Деп и Кејт Мос

Кејт Мос и Џони Деп, Фото: Instagram

Во 90-тите Џони Деп и Кејт Мос се забавуваа неколку години и за време на нивната љубовна афера беа меѓу најактуелните парови, пишува „Us Weekly“. Врската која заврши пред повеќе од една деценија и секако пред Џони да се вплетка во тековна правна битка со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Амбер, која беше во брак со Деп од 2015 до 2017 година, тврдеше дека актерот физички ја малтретирал за време на нивниот брак. Деп, кој ги негира наводите, ја тужи за клевета, тврдејќи дека авторскиот текст во „Washington Post“, од 2018 година во кој Херд се идентификува себеси како жртва на семејно насилство му наштети на неговата кариера и углед.

Кејт Мос ќе сведочи во судскиот процес на Џони Деп против Амбер Херд

Во 2020 година, името на Мос се појави за време на сведочењето на Херд во судскиот процес за клевета на Деп против „The Sun“. Во тоа време, актерката раскажуваше за наводна расправија помеѓу Џони и нејзината сестра Витни Хенрикез, во која Амбер го нападнала Деп, сеќавајќи се на гласини дека некогаш ја турнал Кејт Мос по скали.

Мос треба да сведочи во тековниот судски процес за клевета против Херд во среда, 25 мај.

Рзгедајте низ временска рамка:

1994 година

Кејт Мос и Џони Деп почнале да се забавуваат откако наводно се запознале во кафулето „Табак“ во Њујорк. Истата година, Деп бил уапсен затоа што уништил соба во хотелот „Марк“ во Њујорк додека Мос спиела.

Познатиот колумнист Џорџ Вејн тврдеше дека ги запознал во њујоршкото кафуле во 1994 година.

„Џони беше позади на вечера, а Кејт влезе со Наоми Кембел и Џорџ Вејн ја зграпчи и ги претстави“. писателот напиша преку Инстаграм во 2019 година. „Не знаев дека тие потоа ќе станат најактуелниот пар во наредните сезони, уништувајќи ги хотелските соби низ целиот свет за време на нивната сè уште незаборавна заедница!

Истата година кога се запознале, Деп бил уапсен затоа што уништил соба во хотелот „Марк“ во Њујорк. Полицијата, наводно, ги пронашла Мос и актерот како седат среде урнатините кога пристигнале на местото на настанот. Деп го призна инцидентот во 2020 година додека сведочеше во неговата тужба за клевета против „The Sun“.

„Всушност му реков на чуварот кога дојде во мојата соба дека сум повеќе од подготвен да платам за сè што сум скршил“, рече тогаш Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brit Cult (@brit_cult)

1997 година

Се верува дека парот ја прекинал врската.

1998 година

Мос и Деп повторно беа забележани заедно како се држат за рака на Канскиот филмски фестивал, но тие засекогаш се разделија истата година. Џони зборуваше со „Hello!“ по раскинувањето, преземајќи ја одговорноста.

„Никогаш не сум бил толку емотивен поради жена. Бев толку глупав затоа што многу работи ни одеа во прилог за нашата врска. Јас сум тој што треба да ја преземе одговорноста за она што се случи, тешко ми беше да се продолжам, дозволив работата да ми пречи и не ѝ го посветив вниманието што требаше да го посветам“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @johnnyddepp_

„Целата работа беше луда бидејќи никогаш не требаше толку да се грижат околу тоа што луѓето имаат да кажат за мојата работа. Секако, треба да се грижам за моите филмови, но кога ќе се вратам дома, треба да се обидам да ги оставам тие работи зад себе. Не можев да го сторам тоа и бев ужасен за соживот. Верувајте ми, понекогаш сум тотален глупак“, продолжи тој.

2012 година

Иако е релативно краткотрајна, врската имала траен ефект врз двајцата. Во интервју за „Vanity Fair“ во 2012 година, британската манекенка откри дека издржала „години и години плачење“ откако раскинала со актерот.

„Нема никој што навистина можел да се грижи за мене. Џони го правеше тоа некое време. Верував во тоа што ми го зборуваше. Како ќе прашував, „Што да правам?“, ќе ми кажеше“, рече таа. „Навистина го изгубив тој мерач да имам некого на кого би можела да му верувам. Беше кошмар“.

2020 година

Името на Мос се појави за време на сведочењето на Херд во судскиот процес за клевета на Деп против „The Sun“. Во тоа време, актерката раскажуваше за наводна расправија помеѓу актерот и нејзината сестра Витни Хенрикез.

„Џони замавна. Ја гледам мојата помала сестра со грбот кон скалите и Џони замавнува кон неа и не ни чекам… Само во мојата глава веднаш помислувам на Кејт Мос и скалите и замавнав кон него“, сведочеше таа.

„Се сетив на информациите што ги слушнав дека турнал поранешна девојка – верувам дека тоа била Кејт Мос – по скали. Ја слушнав оваа гласина од двајца луѓе и ми беше свежа во умот“, продолжи Херд.

Адвокатот на Џони Деп, Бен Чу, бил виден како се насмевнува радува по судењето, бидејќи тоа го овозможи Мос да сведочи во име на Деп.

Мос треба да сведочи денес, на 25 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот