Вреќа со плочки извадена од Охридско Езеро: До крајот на сезонава, апартманчето ќе го реновираме! (ВИДЕО)

Нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ по минатонеделното пронаоѓање на кадата во Охридското Езеро сега пронајдоа вреќа со цигли, по пријавувањето на граѓаните.

„Вреќата со плочки беше лоцирана 2018 година. Сега е извадена…. Полека но сигурно до крајот на сезонава апартманчето ќе го реновираме…Рибиве шо ме гледет си викет овај не е нормален“  , стои во објавата на ФБ.

Кадата и шутот се уште стојат на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чекаат да бидат подигнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот