Вработени во „Аерофлот” во Хрватска добија отказ

фото:EPA-TOMS-KALNINS

Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз” во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари.

По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation”.

Според порталот „Индекс”, „Аерофлот” во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот.

Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб – Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот