Фото: Скриншот / Јутјуб / Асошиејтед прес

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Израелските сили убија либанска новинарка засолнета во куќа

Спасувачите првично успеале да стигнат до фоторепортерката Зејнаб Фараџ, која била тешко повредена, и да ги извлечат телата на двете жртви од првиот напад. Но, потоа биле под оган од израелските сили, поради што биле принудени да ги прекинат обидите да стигнат до Халил, соопшти министерството.

Новинарка вчера беше убиена во израелски воздушен напад врз куќа во Јужен Либан, каде што се засолнила додека известувала за конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Нејзиното тело било извлечено од урнатините дури неколку часа подоцна, објави „Асошиејтед прес“.

Дневниот весник „Ал Акбар“ објави дека нивната новинарка, Амал Халил, загинала во јужното село Ал Тири.

Халил го покривала конфликтот во Либан меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, кој повторно ескалираше на почетокот на март, во сенка на американско-израелската војна со Иран. Израелски дрон почнал да го следи автомобилот во кој се возеле новинарката, нејзината колешка, фоторепортерката Зејнаб Фараџ и двајца други луѓе. Дронот прво нападнал возило кое било пред нив, за потоа да го погоди и нивниот автомобил, убивајќи ги двајцата сопатници. Халил и Фараџ преживеале и се засолниле во куќа во Ал Тири. Помалку од два часа подоцна, израелски проектил ја погодил и куќата каде што се засолниле новинарката и нејзината колешка.

Спасувачите првично успеале да стигнат до Фараџ, која била тешко повредена, и да ги извлечат телата на двете жртви од првиот напад. Но, потоа биле под оган од израелските сили, поради што биле принудени да ги прекинат обидите да стигнат до Халил, соопшти министерството.

Халил останала под урнатините со часови, сè додека либанската армија, цивилната заштита и Либански Црвен крст не успеале да пристигнат на местото подоцна во текот на ноќта. Нејзиното тело било извлечено непосредно пред полноќ, најмалку шест часа по нападот.

Израелската војска соопшти дека лица во селото го прекршиле примирјето и ги загрозиле нејзините сили. Израел негира дека таргетира новинари или дека спречил спасувачки екипи да пристапат до местото, додавајќи дека случајот се разгледува.

– Убиството на новинари е злосторство и флагрантно кршење на меѓународното и хуманитарното право – изјави либанскиот министер за информации Пол Моркос.

Халил известувала од 2006 година

Смртта на Халил доаѓа во пресрет на втората рунда директни разговори меѓу израелски и либански претставници во Вашингтон за продолжување на примирјето што стапи во сила минатиот петок.

Халил, која потекнува од Јужен Либан, известувала од регионот уште од 2006 година за „Ал Акбар“. Нејзините последни прилози се однесувале на уривањето на либански домови од страна на Израел во села каде што сега се распоредени израелски сили.

ВИДЕО Двајца новинари убиени во израелски напад во Либан

Девет загинати новинари во Либан

Со нејзината смрт, бројот на загинати новинари во Либан оваа година се искачи на девет. Најмалку 2.300 луѓе се убиени во израелските напади, а повеќе од еден милион се раселени откако најновата војна меѓу Израел и Хезболах започна на 2 март.

Претходно во средата, организацијата „Репортери без граници“ повика на меѓународен притисок врз израелската армија да овозможи спасување на Халил, додека Комитет за заштита на новинарите изрази „огорченост“ поради, како што наведуваат, можниот целен напад врз новинари и предупреди дека попречувањето на спасувачките операции „може да претставува воено злосторство“.

Претседателот на Либан, Жозеф Аун, побара од Либанскиот Црвен крст да координира со армијата и мировните сили на ОН за што побрзо спроведување на спасувачката операција.

Израел уби тројца новинари во март

Кон крајот на март, во израелски воздушен напад во Јужен Либан беа убиени тројца новинари кои известувале за војната. Телевизијата „Ал Манар“ соопшти дека загинал нивниот долгогодишен дописник Али Шуеиб. Израелската војска тврдеше дека тој бил цел на нападот, обвинувајќи го дека е оперативец на разузнавањето на Хезболах, без да приложи докази.

Во истиот напад загина и новинарката Фатима Фтуни, која работела за телевизијата „Ал Мајдин“, заедно со нејзиниот брат, видеоновинарот Мохамед Фтуни.

Неколку дена претходно, израелски воздушен напад врз стан во центарот на Бејрут го уби Мохамед Шери, раководител на политичките програми на „Ал Манар“, заедно со неговата сопруга.

Четворица новинари убиени во израелски „двоен“ напад врз болница во Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот