Фото: Инстаграм / Дрина.инфо / скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Дете висеше од жичарница на Јахорина, па падна, по што заврши со тешки скршеници

Непријатна ситуација се случуваше вчера на планината Јахорина, во близина на Сараево во Босна и Херцеговина. Дете висеше од жичарница, а луѓе долу се собраа за да го фатат ако падне, во што не успеаја и детето со тешки повреди беше итно пренесено во болница пренесуваат медиумите во регионот.

На социјалните мрежи се шири видео од моментот додека детето висеше, како и од падот. Според информациите, детето се здобило со скршеници на бутната коска.

Неофицијалните информации вчера велеа дека детето е стабилно и има повреда на ногата, но денес болницата „Србија“, каде што е сместено, потврди дека детето е надвор од животна опасност и дека ја скршило бутната коска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pepo vesti (@pepo.vesti)

„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната институција во Нови Сад за понатамошно лекување“, соопштија од болницата „Србија“.

Од Олимпискиот центар „Јахорина“ соопштија дека детето паднало од жичарницата на појдовната станица од шестоседот „Огорјелица“. Тие нагласуваат дека детето било придружувано од мајката и уште едно дете.

„Веднаш по забележувањето на проблемот, жичарницата е запрена, а спасувачката служба реагирала во најкраток можен рок и пружила стручна помош на лице место. Детето е згрижено, а потоа е организиран медицински транспорт“, рекоа од Олимпискиот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот