Вознемирувачка снимка: Последните секунди на пејач, кој додека снимал „лајв“ бил прегазен од воз! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Романскиот пејач Тави Пустиу (29) трагично настрадал кога се обидувал да помине преку железничка пруга.

Имено, автомобилот во кој бил романскиот пејач, а кој го управувала жена, бил целосно згмечен од силниот удар.

Тави неколку секунди пред несреќата снимал со својот мобилен телефон, односно се вклучил во живо за на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како пејачот ужива во гласната музика, додека автомобилот се приближува на шините во градот Плоешти. Се гледа како жената која седела до него, како гледа од страните дали доаѓа возот, но момент на невнимание предизвика страшна трагедија.

Во видеото дури се слуша врескањето на Таби, но било предоцна за реакција.

– По сударот на возило и воз, 29-годишниот маж е прогласен за мртов, додека 24-годишната жена, која го возела автомобилот е хоспитализирана. До несреќата дошло поради непочитување на правилата за поминување на железнички премин – било соопштено од полиција.

– Еден ден, погрешен воз ќе те однесе до вистинската дестинација – напишал романскиот поп-пејач еден месец пред трагедијата…

Инаку и жената која го управувала автомобилот е во критична состојба, пренесува „Дејли Мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот