Фото: Хрватски ватерполо сојуз

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА | Хрватски ватерполист можеше да остане без око

Машката ватерполо репрезентација на Хрватска убедливо го отвори настапот на Светскиот куп, откако славеше над САД со 16-7. Сепак, одличната игра остана во сенка на еден момент во самиот финиш од натпреварот.

Имено, во 31. минута Лука Букиќ заработи незгоден удар во окото, по што веднаш мораше да ја напушти играта. Противнички ватерполист во еден дуел му го турна прстот директно во окото, поради што натпреварот накратко беше прекинат за да му се укаже лекарска помош.

Првичните информации говорат дека повредата била сериозна и видот на Букиќ бил  заматен, а го очекуваат дополнителни прегледи и период на опоравување надвор од базенот.

Од Хрватски ватерполо сојуз објавија и фотографија од повредата, испраќајќи порака за поддршка:

„Ако не сакаш вакви сцени, прескокни. Ова е ватерполо во своето најреално издание. Ватерполото знае да биде исклучително груб спорт, што се виде и во ситуацијата на крајот од натпреварот против САД, кога Лука Букиќ доби удар со прст во окото. Можеби звучи безопасно, но фотографијата кажува поинаку. Од стручниот штаб информираат дека Лука е добро, нема видливо оштетување, но видот моментално му е заматен и следува опоравување надвор од базенот. Повредата е сериозна и бара дополнителни прегледи. Лука, ти посакуваме брзо и сигурно закрепнување!“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот