Возила во Битола биле каменувани и им се истурала непозната течност

Македонска полиција/ Фото: МИА

Околу десет автомобили се оштетени од каменување и истурање течност врз нив во последните три дена додека возеле на обиколницата над Битола, пишува СДК.МК.

Од СВР Битола ја потврдија информацијата и соопштија дека имаат пријави за седум возила, односно во близина на обиколницата од тунелот, лица фрлале со камења. Кај колите оштетени се ветробранското стакло, предната и задната хауба, а според очевидци настанот се случил околу 23 часот.

Уште четворица други битолчани во полиција пријавиле дека пред два дена во периодот од 18 до 21 часот им била истурена непозната течност врз покривот и предната хауба на нивните возила во Битола. 

Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Видео на денот