Возачка дозвола / Архива на Слободен печат

Возачкиот тест чини 4.400 евра, сè повеќе Германци мамат за време на испитот

Според последните податоци во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, речиси половина од кандидатите паднале на тестот за теорија на возење минатата година. Поточно, дури 44 отсто паднале на тестовите, што е предуслов за практичниот возачки испит. Покрај тоа, податоците покажуваат дека бројот на обиди за мамење на испитите е значително зголемен, а експертите предупредуваат дека тоа може да биде сериозен безбедносен ризик за учесниците во сообраќајот- пишува Политика.

Според официјалните податоци цената на возачката дозвола се движи меѓу 2.500 и 4.400 евра.

„Доколку кандидатите го положат испитот нечесно и го немаат потребното знаење за сообраќајните прописи, тоа може значително да ја загрози безбедноста на патиштата“, вели Ричард Гебелт од ТУВ.

Кандидатите често се обидуваат да мамат за време на испитите, односно да користат технологија или скриени слушалки. Има и случаи кога некое лице лажно се претставува како кандидат кој треба да полага, пренесува „Ф магазин“.

Поради сето ова, ТУВ предлага воведување електронска проверка на напредокот на кандидатите во автошколите со цел да се намали бројот на оние кои паѓаат на испитот. Ова би обезбедило учениците од автошколата да го полагаат испитот само кога се доволно подготвени, смета Гебел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот