Фото: 24.инфо.мк

Возач покоси цело семејство на тротоар во Ново Лисиче, повредени се четворица

Вчера околу пладне, возач со автомобил излетал од булевар во скопската населба Ново Лисиче и покосил четворица пешаци, членови на семејство, пред да се забие во семафор, соопшти полицијата.

Во ударот од автомобилот „Опел Астра“, возен од Т.Н. од Скопје, повредени се двајца возрасни, Г.К. (40) и М.К. (39), како и две девојчиња.

Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот