Воз излетал од шините во Монтана, најмалку тројца загинати

Воз излетал од шините во Монтана/ Фото Twitter Screenshot

Најмалку три лица загинаа, а неколку патници се повредени кога патнички воз на американската железничка компанија „Амтрак” вчера излета од шините во северната централна држава Монтана, соопшти денеска претставник на локалниот шериф, пренесува Ен-Би-Си.

Службеникот изјави дека има повеќе повредени, но оти конечниот број сè уште не е познат.

Причината за несреќата сè уште не е позната.

Во возот кој сообраќал до Сиетл имало околу 146 патници и 16 членови на персонал, соопшти компанијата „Амтрак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот