Вооружена банда киднапирала 25 девојчиња од средно училиште во Нигерија
Вооружени насилница киднапираа 25 ученички и убија член на персоналот во напад врз средно училиште за девојчиња во нигериската држава Кеби во понеделник, соопшти полицијата. Нападот, за кој се обвинуваат вооружени бунтовнички групи, е најновиот во серијата масовни киднапирања во училишта што ја мачат северна Нигерија повеќе од една деценија, објави france24.com.
Препорачано
Нападот се случува повеќе од една деценија откако 276 девојчиња беа киднапирани од Чибок во североисточната држава Борно, предизвикувајќи меѓународна осуда и покренување глобална кампања на социјалните медиуми #BringBackOurGirls.
Оттогаш, низа други киднапирања на ученици ги погодија северните делови на Нигерија.
Полицијата денеска соопшти дека банда вооружена со „софистицирано оружје, пукајќи случајно, го нападнала средното училиште за девојчиња“ во државата Кеби околу 04 часот наутро по локално време, објави France 24.
„Полицијата беше распоредена, но за жал, членовите на групата веќе ја прескокнаа оградата на училиштето и киднапираа дваесет и пет ученички од Интернатот и ги однесоа на непозната локација“, се наведува во полициското соопштение.
Заменик-директорот на училиштето беше застрелан, додека еден обезбедувач беше ранет за време на нападот, според извештај подготвен за Обединетите нации.
Ова е второ масовно киднапирање во училиштата во државата Кеби во последните четири години, по инцидентот во јуни 2021 година кога повеќе од 100 ученици и персонал беа киднапирани од државно училиште.


