Вонредна состојба во рускиот регион Воронеж по напад со дрон
Русија прогласи вонредна состојба во регионот на Воронежската област што се граничи со Украина по полноќен напад со дрон, објави денеска локалниот гувернер Александар Гусев на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според него, руските сили пресретнале пет беспилотни летала. Паѓањето на остатоци предизвикало пожар што предизвикал детонација на експлозивни предмети.
Ниту една станбена зграда не е оштетена, но властите мораа да воведат итни мерки во три населени места во регионот Острогож и да евакуираат 200 луѓе, наведе тој.
-Поради ликвидација на последиците од пожарот и детонација на експлозивни предмети во Острогожската област, воведена е вонредна состојба на територијата на три населени места. Евакуирани се вкупно околу 200 лица, меѓу кои и жителите од едно село – истакна Гушев.
-Одвоен е пункт за привремено сместување, но речиси сите жители отидоа кај своите роднини. Оние кои живеат во соседното село се информирани за безбедносните мерки – додаде гувернерот на руската област Воронеж.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
9мин
-
13мин
-
17мин
-
18мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


