Вон судска спогодба за „Ериксон“: Поради мито ќе платат штета од 1,2 милијарди долари

фото: Принтскрин

Компанијата „Ериксон“ се согласи да плати 1,2 милијарди долари за решавање на истрагата за корупција во САД. Шведската телекомуникациска фирма на тој начин ја реши истрагата за корупција во врска со поткуп на владини службеници, изјави претставник на Министерството за правда.

Поткупот на службените лица се одвиваше во текот на неколку години во земји како Кина и Виетнам. „Ериксон“ треба да плати повеќе од 520 милиони долари, но и иста сума на „SEC“, Комисијата за хартии од вредност. „Ериксон“ призна дека заговарал со други да го прекрши законот од 2000 до 2016 година со употреба на мито, како и фалсификување книговодствените книги.

Филијалата на „Ериксон“ во Египет се изјасни за виновна за кршење на одредбата против корупцијата во јужниот дел на Њујорк, што може да доведе до дополнителни санкции, како што е одземање на лиценците.

Според Борја Ехолм, извршен директор на „Ериксон“, одредени вработени на одредени пазари, вклучително и директори, не покажале добра волја и свесно не оствариле доволна контрола.

– Сè што се случи е тотално неприфатливо и многу загрижувачко поглавје во нашата историја – рече Ехолм.

Компанијата изјави дека ќе соработува со надлежните органи и дека ќе ги исплати сите средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот