„Војната“ на Вестбрук, ќе биде продуцент на серија за расизам

twitter/NBA Fantasy

Кошаркарот на Хјустон рокетс, пронајде свој начин како да ја крене свеста за расизмот во САД.

Расел Вестбрук актуелната состојба во САД и секојдневните протести поради расизмот и полициската бруталност по убоството на Џорџ Флојд, го натераа на кратко да ја промени професијата.

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Кошаркарот на Хјустон ќе биде продуцент на серија која ги следи настаните во САД пред 100 години.

Станува збор за расистичкиот напад во областа Гринвуд во Тулса, во сојузната држава Оклахома, кога делот од градот каде живееја Афроамериканци беше запален и имало големи човечки жртви.

Сега Вестбрук одлучи да ја потсети јавноста токму на тој настан за да се крене свеста во борбата против расизмот.

Инцидентот се случил 1921 година кога белото население од останатите делови од градот го нападнале „Црниот Вол Стрит“, област во која живееја само Афроамериканци.

Според одредени извештаи за време на нередите загинале до 300 луѓе, а имало жртви и на двете страни. Уште неколку илјади биле повредени, додека 10.000 останале без кров над главата.

„ Кога ја дознав оваа тажна приказна за случувањата во Тулса, знаев дека тоа е нешто што треба да го раскажам на јавноста. Многу е важно да ја откриеме вистината за Афроамериканците во оваа држава. Сега мора уште повеќе да зборуваме за тоа, за да направиме чекор напред“, напиша Вестбрук на својот Инстаграм профил.


Насловот на сертијата би требало да биде „Терор во Тулса: Подемот и падот на Црниот Вол Стрит“, а покрај Вестбрук, серијата ќе ја прави продуцентската куќа Блекфин и Стенли Нелсон кој веќе имаат направено преку 20 играни филмови.

Тулса е втор најголем град во Оклахома, сојузна држава во која кошаркарот помина 11 година играјќи за Оклахома сити тандерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот