Водостоите на поголем дел од реките во земјава пониски од јануарскиот просек

Фото: МИА

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за јануари. Повисоки водостои од јануарскиот просек денеска се измерени само кај реките Црн Дрим, Пчиња и Радика. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското Езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.

Кај водостоите на езерата во земјава нема поголеми отстапувања од просекот за јануари.

Според податоците од УХМР, температурата на Охридското Езеро измерена утрово е 8 степени Целзиусови, на Дојранското 6,8 и на Преспанското 4,5 степени.

Температурата на Преспанското Езеро е во рамки на просекот за овој период од годината, а на Охридското и Дојранското Езеро е повисока од јануарскиот просек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот