Изложбата е поставена во историскиот дел на Музејот на Македонија

Водата како сведок, инспирација и сила е прикажана на изложба во Музејот на Македонија

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите на 18 мај, во 13 часот, ќе биде отворена изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“ во историскиот дел на Музејот на Македонија. Автор е Јован Шурбаноски, а коавтор Александра Папазовска.

Проектот „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“ е приказна која што низ призмата на археологијата, етнологијата и уметноста ни овозможува да ги следиме патиштата каде што водата се преобразува од биолошка неопходност во духовен медиум. Приказна за тоа како водата го оформува идентитетот на заедниците низ историјата, градејќи занаети кои ја скротуваат природата, усовршувајќи го движењето низ спортот и трансформирајќи ја моќта на водата во политичка доминација.

– Приказната ви дава можност да го препознаете сопствениот одраз во синиот отпечаток на вечноста – таму каде што секоја капка е сведок на една историја, а секој бран е најава за нов цивилизациски подем. Преку археологијата, етнологијата и уметноста ве водиме на патување низ времето и културите, каде што водата е повеќе од елемент – таа е сведок, инспирација и сила. Видете ја водата не само како течност, туку како огледало на сè што сме биле и на сè што ќе бидеме – истакнуваат од Музејот на Македонија.

НУ Музеј на РС Македонија – Скопје ја реализира оваа изложба во соработка со НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија – Скопје и НУ Музеј д-р Никола Незлобински – Струга. Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, а коавтор е Александра Папазовска. Изложбата ќе ја отвори Александар Ристевски, директор на НУ Музеј на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот