ВО ЖИВО: Почна протестот за случајот „Монструм“ – свирежи и извици ечат низ Чаир

Од паркот Чаир започнаа протестите во организација на роднините на оние кои им се изречени казни за случајот ,,Монструм”.

Толпата на демонстранти со свирежи и извици го започна протестот упатувајќи се кон Основниот суд, а потоа и до Влада.

Моментално од она што може да се види на терен, присутни се и поголем број на полициски службеници кои го обезбедуваат протестот.

Присутните скандираат со свирежи и извици, а носат и албански знамиња, како и американското знаме.

Полицијата му ги избриша снимките од протестот на репортерот на „Слободен печат“: Нѐ снимаш во лице, па ни ги палат автомобилите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот