Полицијата му ги избриша снимките од протестот на репортерот на „Слободен печат“: Нѐ снимаш во лице, па ни ги палат автомобилите

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Репортерот на „Слободен печат“ Михаило Донев кој денеска известува во живо од протестите за случајот „Монструм“ кај Мавровка беше принуден од полициски инспектори во цивил да го избрише снимениот материјал, кој патем публиката имаше можност да го следи преку социјалните мрежи.

Имено, колегата Донев во мешаницата настаната при пресингот на полицијата врз демонстрантите и нивното потиснување кон Битпазар, бил легитимиран од три лица кои се претставиле како инспектори во МВР, и му ја побарале новинарската легитимација, но тој во меѓувреме ја загубил во гужвата на протестот и им дал лична карта како што му побарале.

Откако се легитимирал уредно, едниот од нив побарал од него да го избрише снимениот материјал со образложение дека „на снимките им се гледаат лицата па потоа некој ќе им ги запали автомобилите“ иако камерата на нашиот репортер цело време беше насочена кон толпата која на моменти фрлаше камења и шишиња кон полицискиот кордон.

Поради чувствителниот и тензичен момент колегата Донев постапил по наредбата од полицискиот службеник чија идентификација не била видлива, што пак , „Слободен печат“ како редакција го смета за опструкција во извршувањето на професионалната новинарска задача.

Според нашиот репортер, откако се избришани снимките од службениот телефон на „Слободен печат“ оваа „тројка“ инспектори се упатиле кон друг репортер кој од истиот агол го снимал протестот.

„Слободен печат“ верува во слободата на информирање која е неприкосновена и очекува дека МВР ќе го расчисти случајот со лицата кои ја злоупотребуваат својата положба и го попречуваат јавното информирање.

ГАЛЕРИЈА: Тензии и насилство на протестот против пресудите за „МОНСТРУМ“

ССНМ со силна осуда за нападите врз новинарите и медиумските работници на протестите против пресудите за случајот „Монструм“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот