Фото: Фејсбук

Во „Владо Тасевски“ се воведува нова струка, наставата ќе ја врши „Волво“

Во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје се воведува нова стручна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила, а наставата ќе се реализира во соработка со шведската автомобилска компанија Волво, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

На почетокот, како што вели министерката, квалификацијата ќе се нуди како неформално образование за возрасни, а се очекува следната година да стане дел од системот на формално стручно образование.

„Заедно со шведската министерка за европски прашања, н.е. Џесика Розенкрац и повеќе претставници на Волво, шведската амбасада и на швајцарската развојна организација Хелветас, го посетивме училиштето и остваривме средба со училишното раководство, наставниците и учениците.Среќна сум што Македонија добива нови партнери во заложбите за континуиран развој на стручното образование, кое нема да биде скромно ако кажам дека е силна страна на националниот образовен систем и затоа мора да продолжи постојано да се надградува“, истакна Јаневска вчера.

Таа очекува да има интерес за новата квалификација затоа што според регионално истражување таа е навистина побарувана.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот