Во владејачката коалиција се пребројуваа за изборот на Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието – Слободен печат
ВестиМакедонија

Во владејачката коалиција се пребројуваа за изборот на Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието

Откако ќе го соберат потребниот број на гласови, што е 61, треба да го информираат собранискиот спикер Талат Џафери, за тој потоа да може да ја закаже седницата.

Наредната недела, најверојатно во среда на собраниска седница ќе се најде предлогот на СДСМ и ДУИ нов потпретседател на Собранието да биде независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, кој неодамна ја напушти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Кај дел од помалите партии во Коалицијата предводена од СДСМ ваквиот предлог предизвика вистинско изненадување. Најгласни се Партијата за движење на Турците и Партијата за целосна еманципација на Ромите. Според нив Рамчиловиќ не ја заслужува оваа функција бидејќи ја девалвира и пратеничката функција, затоа што за една година сменил два до три партиски дреса.

Во собраниските кулоари се шпекулира дека по ваквата реакција на коалициските партнери владејачката СДСМ почнале да се пребројува. Кога ќе бидат сигурни дека обезбедиле 61 глас треба да го информираат собранискиот спикер Талат Џафери, кој треба да ја закаже седницата. Инаку предлагачите СДСМ и ДУИ вкупно бројат 44 пратеника, десет на ДУИ и 34 на СДСМ. Недостасуваат уште 17 гласови за да може Рамчиловиќ да биде избран со потребниот број на гласови. Рамчиловиќ и денеска не беше достапен за да објасни зошто ја напушта независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close