Седница на Владата / фото: Влада

Во Владата и во институциите ќе има освежување, прегрупирања, догрупирања, доекипирања и проширувања, најави Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени” на МРТ за напролет најави реконструкција на Владата и „освежување“ во институциите.

„По конгресот, по сите преструктурирања во рамките на партијата, напролет очекувам да имаме и освежување во рамките на Владата, прегрупирања, догрупирања, доекипирања, проширувања и во рамките на државните институции, така што ова е тој грантограм кој во следниот период како претседател на Влада и доколку ја добијам довербата на делегатите, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нè очекува. Формирање на овој тим, кој потоа треба да го понесе и изнесе товарот до следните парламентарни избори“ – рече премиерот.

Во истото интервју, Мицкоски рече дека нема намера да се кандидира за шеф на државата, како и дека претстојниот трет мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ, доколку го освои на конгресот идната недела, ќе му биде и последен, како што налага статутот на партијата.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ми е буквално како трето дете, но третиот мандат ќе ми биде последен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот