Во тетовско до 17 часот најголема излезност има во општина Јегуновце

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Општина Јегуновце, по десет часа од отворањето на гласачките места, своето право на глас го оствариле 35,85 отсто од гласачите или 3662 од 10.225 евидентирани избирачи, што претставува највисок процент во сите шест општини кои припаѓаат на тетовското подрачје.

Следува Општина Брвеница со 33,31 отсто и Тетово со 33,24 проценти од избирачи кои гласале од 7 до 17 часот, покажуваат податоците од општинските изборни комисии.

Во Теарце гласале 32,55 отсто од 22450 лица евидентирани во избирачкиот список. Најмалку гласање има во Општина Желино 30,82 отсто и во Општина Боговиње 30, 04 отсто од населението кое има право да гласа на локалните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот