Во таа приказна нема вистина! Семејството на Џорџ Мајкл против снимањето на филмот за пејачот
К. А.
Пред
Семејството на починатиот пејач Џорџ Мајкл порача дека не го поддржува проектот на снимањето на биографската драма за него, во која би требало да го глуми Тео Џејмс.
Семејството се огласи по пат на социјалните мрежи и многу остро се огради од написите во кои стои дека токму тие го одобрило снимањето на таквиот филм.
„До сите обожаватели на Џорџ и вљубениците во неговата музика, објавена е приказна во која стои дека семејството на Џорџ Мајкл одобрило т. н. биографски филм за неговиот живот. Во име на семејството на Џорџ, сакаме јасно да порачаме дека во оваа приказна нема никаква вистина, не знаеме ништо за овој проект и нема да го поддржиме на ниту еден начин“, навеле во објавата.Да потсетиме, британските медиуми пренесоа дека семејството го одобрило снимањето на филмот, иако очигледно тоа не е точно, а главната улога би требало да му припадне на најзгодниот, а воедно и најомразениот лик од серијата на HBO, „White Lotus“ – Тео Џејмс.
Филмот ќе ја следи кариерата на Џорџ Мајкл од групата „Wham!“ до неговиот успех како соло изведувач, со хитовите како „Careless Whisper“ и „Freedom“.
„Сценариото е во завршна фаза и продуцентите бараат главен актер. На сите им е Тео Џејмс на ум. Тој би бил совршен за таа улога“, открил извор за „Дејли мејл“.
Џејмс, како и Џорџ, има грчко потекло. Неговиот дедо Никос побегнал од Атина во 1941 година.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
До крајот на јуни до граѓаните и до фирмите ќе бидат доставени решенијата за данок на имот и за фирмарина за 2026 година, но годинава нема да бидат само во хартиена форма туку се воведува и електронска достава. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Роналдо пристигна на Мундијалот, почнува последниот …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Роналдо пристигна на Мундијалот, почнува последниот лов на трофејот кој му недостасува 2 Иран тврди дека договорот со САД нема да се потпише утре 3 ВИДЕО | Ретро снимка од Блага …