Во Скопје посебен режим на сообраќај, се трча „Прв до врв“

Фото: Слободен печат / Архива

Поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв” денеска ќе има посебен сообраќаен режим по улиците во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, велосипедската трка ќе почне во 09:45 часот од Музејот на град Скопје – улица „Св. Кирил и Методиј” и ќе продолжи по булеварот „Св. Климент Охридски”, булеварот „Мајка Тереза”, улицата „Тодор Александров”, локален пат за Средно Водно до „Милениумскиот крст”.

Планинарите стартуваат во 10 часот, а трасата на движење почнува пред основното училиште „Кочо Рацин” по улицата „Тодор Александров” и улицата „Салвадор Аљенде”, ридско пешачките патеки кон Средно Водно до „Милениумскиот крст”.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот