Во Скопје денеска речиси и да не можеше да се види човек без маска (ВИДЕО)

Од денеска без заштитна маска на лицето не смеете да влезете во банка, аптека, во маркет, во автобус и во сите останати затворени објекти, како и на отворените пазари и други отворени јавни површини, ако нема можност за одржување на неопходната дистанца од два метра. Ова го предвидуваат новите мерки против коронавирусот, кои Владата ги објави вчера.

Кај граѓаните, новите мерки и задолжителното носење маски предизвикаа загриженост и непријатност, пред се, од неможноста да си обезбедат маски и ракавици, а таму каде што ги има, се значително поскапи од вообичаено.

Екипата на Слободен печат денеска направи обиколка во центарот на Скопје, при што посети повеќе локации и набљудуваше дали граѓаните ја почитуваат одлуката на Владата да се носат маски пред влез во затворени објекти.

Забележавме голем број граѓани кои денеска движеа со маска, но имаше и такви кои веруваат дека не можат да се разболат од коронавирусот, па оттука, не гледаат потреба од носење на маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот