Во шест региони во Италија продолжени рестриктивните мерки

epa08830539 Elderly people over 65 queue outside the Italian Civil Protection's tent to receive flu shots, amid the second wave of Covid-19, in Milan, Italy, 20 November 2020. EPA-EFE/Matteo Corner

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца ги продолжи рестриктивните мерки против Ковид-19 во шест региони на земјата.

Мерките се продолжени во Калабрија, Ломбардија, Пиемонт, Апулија, Сицилија и Долината Аоста.

Во овие црвени зони со висок ризик, мерките ќе останат во сила до 3 декември, додека се чека нова класификација.

Според последните податоци, коронавирусот досега е потврден кај над 1,3 милиони Италијанци, додека повеќе од 47.000 пациенти починале од последици од болеста.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот