Во САД ќе им се суди на руски и украински хакери, запленети 6 милиони долари

Фото: ЕПА

Американското Министерство за правда поднесе обвинение против украински и руски државјани за хакерски напад врз американска компанија, а САД заплени 6 милиони долари, искористени за уцена.

Јарослав Васински, 22-годишен украински државјанин уапсен во Полска минатиот месец, ќе одговара пред американското правосудство за користење на софтвер за уцена, наречен RЕвил, кој ги чинеше американските компании милиони долари, пишува Си-Ен-Ен.

Бројни уцени

Нападот на Васински „заразил“ 1.500 компании ширум светот, според обвинението поднесено во Тексас.

Меѓу другото, за измама и перење пари е обвинет и 28-годишниот руски државјанин Евгениј Полјанин, менаџер на РЕвил.

Министерството за финансии на САД објави дека дуото добило повеќе од 200 милиони долари во криптовалути Биткоин и Монеро преку уцена. Се додава дека латвиската и естонската влада биле клучни во истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот