Во Русија саботажата ќе се казнува со доживотен затвор

Фото Профимедиа

Пратениците на руската Државна дума го усвоија предлог-законот против „саботажа” во прво читање. Нацрт-законот ги класифицира деструктивните и терористичките активности во Русија како „саботажа” и ги казнува со доживотен затвор.

Предлог-законот беше поднесен од 380 претставници, а неговата наводна цел е „да се заштити земјата и нејзините граѓани од заканите од тероризам и саботажа”.

Имајќи предвид дека Руската Федерација спроведува специјална воена операција, а во исто време прифаќа бегалци и останува отворена за влез на странски државјани, донесувањето на нови закони е чекор од фундаментално значење, неопходен за одбрана на нашата земја. Казната за саботажа ќе биде што е можно построга, нагласи претседателот на Думата, Вјечеслав Володин.

Нацрт-законот вклучува формулации за убедување и регрутирање потенцијални саботери, нивно спонзорирање и обука, како и организирање на групи.

Учеството во организација што се занимава со саботажа ќе се казнува со затвор до 10 години. За „помагање на саботажа” се предвидени казни од 10 до 20 години. Со сегашниот закон саботажата е казнива со доживотен затвор само доколку саботажата резултирала со смрт на едно или повеќе лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот