Во „Рудиќ Галерија“ ќе биде отворена клубската изложба „Елема 2023“
Изложбата „Елема 2023“ го означува креативниот и творечкиот континуитет на Фото клуб „Елема“. Како прва годишна клубска изложба таа ги најавува идните активности на клубот, кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следува, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата, за што „Елема“ секогаш имала капацитет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Отворањето на клубската изложба на фотографии „Елема 2023“ ќе се одржи на 11 април (вторник), во 19.30 часот, во „Рудиќ Галерија“.
Со големата поддршка на „Рудиќ Галерија“ и заложбата на членовите на клубот, изложбата станува достапна на љубителите на фотографската уметност.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии на реномираните македонски автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ.
На еден срeќен посетител на отворањето на изложбата „Рудиќ Галерија“ ќе му подари фотографија по негов избор.


