Во Прилеп ќе се прослават и Свети Трифун и Денот на љубовта

Поетско-музичка вечер насловена „Љубов и вино“ ќе се одржи на 14 февруари 2023, од 18 часот, во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“, со што ќе бидат одбележани празниците св. Трифун и Денот на љубовта.

Манифестацијата, која ќе има мултимедијален карактер, ја реализираат Центарот за култура и Клубот на литературни творци – Прилеп, при што дваесетина поети ќе презентираат своја поезија.

Освен што ќе се чуе убавиот стих, ќе има и музика, со што на ваков начин ќе бидат одбележани двата празници, а со ова практично Центарот ги започнува годинешните активности, во кои во голема мера ќе бидат вклучени и поетите и литератите од градов.

Посетителите не само што ќе можат да уживаат во убавиот пишан збор и музиката, туку ќе вкусат и убаво прилепско вино, известија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот