Во пожарот кај грчкиот град Коринт изгореа 5.200 хектари шума

Фото: EPA-EFE/Christian Monterrosa

Пожарот избувна во средата вечерта, активен беше неколку дена, а беа евакуирани голем број населби и манастири во пошироката околина. 

 Во пожарот кај грчкиот град Коринт изгореле 5.200 хектари шума, од вкупно 7.100 хектари изгорена површина според анализата на сателитските податоци што ги објавува порталот „Метео” на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите податоци во периодот 2000-2021 година во Грција биле регистрирани 980 големи шумски пожари, а во секој од нив биле изгорени над 50 хектари шума.

Минатонеделниот пожар е меѓу 15 најголеми во изминатите 20 години, односно е на 13-то место според големината, а според изгорената шумска површина е најкатастрофалниот во последните десет години.

Пожарот избувна во средата вечерта, активен беше неколку дена, а беа евакуирани голем број населби и манастири во пошироката околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот