Во постојана агонија: Ѕвездата на „Beverly Hills 90210“ и нејзините деца болни поради мувла
Актерката Тори Спелинг се пријавила во центар за итна нега, бидејќи таа и нејзиното семејство постојано се разболувале. Долг период се соочувале со респираторни инфекции и симптоми слични на алергија., пренесува „Пипл“.
Препорачано

Актерката преку Инстаграм објава, прикажа како „екстремната“ мувла влијаела на здравјето на нејзините деца Фин (10) и Бо (6), откривајќи дека имале вртоглавици и постојано биле без енергија.
„Сите сме во оваа постојана спирала на болести со месеци. Болни. Па подобри. Повторно се разболуваат. Порано размислував… па, тоа се случува кога имате мали деца на училиште. Тие само ги носат болестите дома. Но, дојде до момент кога тие повеќе се болни дома, отколку што се на училиште, па моравме повторно да процениме што се случува.“, пишува Тори под објавата.
Спелинг рекла дека ќе се пресели со своето семесјтво во изнајмена куќа, сè додека не сфатат што да преземат.

Обожавателите ѝ се заблагодарија на Спелинг што ја расветлила оваа итна здравствена состојба и споделиле препораки од лекарите кои можат да помогнат за инфекциите поврзани со мувла.



