Во понеделник можна виртуелна средба Бајден – Си

Бајден и Џинпинг
Претседателот на САД, Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг/ Фото EPA/LINTAO ZHANG / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг се очекува да одржат виртуелна средба во понеделник на која ќе разговараат за тензиите околу трговијата, човековите права и воените активности, пренесува Си-Ен-Ен.

Вашингтон и Пекинг ќе разговараат и за клучни прашања како од ковид-19  па се до растечкиот нуклеарен арсенал на Кина. Американските власти веруваат дека директниот контакт со Си е најдобриот начин да се спречи односот меѓу двете најголеми светски економии да се претвори во конфликт.

И Кина сака да избегне конфликт

Пекинг, исто така, сака да избегне конфликти и да се фокусира на „позитивна конкуренција“, додека се залага за соработка за прашања како што се климатската криза и ставање крај на пандемијата на коронавирус, изјави неименуван кинески функционер.

Рамковниот договор за зајакнување на соработката во борбата против климатските промени, претставен од двете најголеми светски економии на конференцијата на ОН за климата во Шкотска, испрати „прилично позитивен сигнал“ за претстојниот самит.

Си најверојатно ќе го покани американскиот претседател да присуствува на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, тврдат кинески медиуми.

Бајден и Си последен пат разговараа на 9 септември, во 90-минутен разговор за кој висок американски функционер рече дека е фокусиран на економските прашања, климатските промени и подобрување на состојбата со ковид-19. Американските власти сакаа Бајден да се сретне со Си на маргините на самитот на Г-20 во Рим пред две недели, но кинескиот лидер од избивањето на пандемијата пред 21 месец, ја нема напуштено земјата.

САД и Кина го изненадија светот: Земјите ќе соработуваат за подобрување на климата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот