Во Парагвај пронајдени тела во фаза на распаѓање кои пристигнале во контејнер од Србија (ВИДЕО)

Парагвајските власти објавиле дека се пронајдени седум тела во фаза на распаѓање во контејнер со ѓубриво, кој бил испратен од Србија пред три месеци.

Контејнерот бил доставен претходно оваа недела преку Аргентина до речното пристаниште во предградието на Асунсион, главниот град на Парагвај, објави Ројтерс.

Телата биле откриени денес, кога менаџерите на компанијата што го купила производот ги отвориле контејнерите, изјавил обвинителот Марсело Салдивар.

Тој посочил дека можеби починале слепи патници и соопштил дека парагвајските власти ќе контактираат колеги во Србија за да ги идентификуваат жртвите.

„Тргнуваме од фактот дека тие провалиле во контејнерот за да бидат пренесени од таму до тука. Очигледно, тие не ја пресметале далечината добро и не го преживеале патувањето“, изјавил тој.

Обвинителот објави дека во две лица пронашле лични документи, кои покажуваат дека се Мароканци и додал дека е пронајдена сметка на такси компанија од Србија, што укажува на тоа дека влегле во контејнерот во Србија.

„Претпоставуваме дека тие пристигнале таму од нивната земја и дека планирале да патуваат до најблиската дестинација, но тие не го пресметале растојанието добро и не го преживеале патувањето“, вели Салдивар.

Тој додал дека во делот од контејнерот каде што биле телата, биле пронајдени храна, вреќи со облека и отвор за вентилација.

„Сите тела се во фаза на распаѓање. Останале само коса и коски“, соопштил Салдивар.

Тој заклучил дека ќе се провери трасата на контејнерот, како и дека ќе бидат прегледани мобилните телефони, кои биле пронајдени заедно со телата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот