„Во мојот свет” презентираше концепт за работа на професионалци и за родители на аутистични деца

Фото: Министерство за труд и социјална политика

Потребно е подигање на свеста за аутизмот, при што раната детекција е многу важна.

Ова, меѓу другото, беше кажано на денешниот настан организиран од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет”, поддржан од Чешката амбасада, ДАНДАН концепт алтернативно-адаптибилен пристап во работата на професионалците со АДХД, АДД и АСД.

На настанот беше кажано дека се работи за алтернативен концепт, кој лесно се адаптира и се прилагодува на веќе постоечки терапии во областа на аутизмот. Концепт што ги дополнува и надградува, не е сам по себе метод, туку е дополнителен концепт, што е за припомош на терапиите.

– Напоменувам дека овој концепт пред сѐ е наменет за професионалците во сферата на аутизмот и родителите коишто се упатени во таа област, изјави психологот Иванчо Горјанин, изразувајќи благодарност до Чешката амбасада.

Ангела Ченгоска, специјален едукатор и рехабилитатор во Центарот за рана интервенција, информираше дека редовно опслужуваат околу 80 до 100 деца. Во работата на Центарот се вклучени логопеди, специјални едукатори, психолог и детски психијатар. Ваков центар функционира и во Охрид за покривање на Југозападниот регион.

– Гледаме да пружиме максимална поддршка и да ги подготвиме за живот децата од најраните години. Колку порано се почне, толку поголеми се резултатите. Соработуваме со родителите. Со работа, од секое дете може да се извлече максимумот, рече меѓу другото Ченгоска.

На настанот присуствуваше и чешкиот амбасадор во земјава, Јарослав Лудва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот