Во Македонија уште нема официјални случаи на кракен, потврди д-р Петличковски

ФОТО: Screenshot

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид, кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.

-Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.

Тој тврди дека нема простор за загриженост помеѓу граѓаните.

Според д-р Петличковски, епидемиолошката состојба во земјата е стабилна, а сезоната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели.

-Се уште се движиме кон врвот, сезоната годинашаната на инфлуенца започна пред две недели и би требало да трае седум – осум недели, но според податоците од соседните земји, веќе се приближуваме на некое плато. Ова топло време не погодува многу за ширењето на грипот, така што можно е за скоро недела – две да го достигнеме максимумот. Притоа овој максимум не се разликува од максимумите кои години наназад просечно ги достигнуваме што значи ништо не очекувано во овој момент не се случува, изјави д-р Пеличковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемениот број лица со респираторни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот