Во куќата на ужасот во Ритопек: Во дневната соба пронајдена ДНК од убиениот навивач Здравко Радојевиќ

Семејството на исчезнатиот навивач Здравко Радојевиќ, кој исчезна во ноември минатата година, било известено дека тој бил убиен во оваа куќа.

Нови ДНК траги на жртвите се пронајдени во куќата на ужасот во Ритопек, која наводно ја користел кланот на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ за убиства. 

Вчера министерот за полиција Александар Вулин потврди дека станува збор за траги од индустриска мелница за месо што биле пронајдени во бункерот на оваа викенд куќа.

Семејството на исчезнатиот навивач Здравко Радојевиќ, кој исчезна во ноември минатата година, било известено дека тој бил убиен во оваа куќа.

Неговите роднини во февруари добиле информација дека е уапсена група осомничена за киднапирање и убиство на Радојевиќ. По некое време, им е кажано дека ДНК-та на Здравко е пронајдена во дневната соба во Ритопек. Вдовицата на Радојевиќ била повикана во Специјалното обвинителство заедно со сите роднини кои се сомнева дека се нивните најблиски се убиени во  оваа куќа.

– Сè се појави во медиумите, а тие не сакаа да излезат во јавноста. Имаше приказни дека Здравко се занимавал со наркотици, и тоа не е точно. Имал автомобили на паркингот, кој му бил украден. Можеше да биде жртва на уапсената група само поради парите што ги имаше – изјавил негов роднина.

Министерот за полиција, Александар Вулин, изјави дека по вештачењето е потврдено дека во мелницата за месо биле пронајдени неколку примероци на ДНК од различни жртви, кои биле пронајдени во куќата што припаѓала на кланот Веjко Беливук

Траги од крв на sидовите можеле да се забележат и на фотографиите објавени од Министерството за внатрешни работи.

– Очигледно, крвта беше испрскана на ѕидовите при сечењето на телата што беа вметнати во индустриската мелница за месо, а членовите на кланот, иако темелно го исчистија со хемиски средства, не успеаја да ги отстранат сите докази . Токму таа крв, како и ДНК материјалот пронајден во машината, им помогна на истражителите да ги извлечат профилите на жртвите. Досега е потврдено дека станува збор за Радојевиќ и најверојатно за Љепоја, чии роднини доставиле ДНК материјал за споредба – рече изворот.

Се сомнева дека уништените тела биле фрлени во Дунав од страна на членовите на кланот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот